Saturday, May 5, 2018

Што е информатика

 Информатиката како наука се појавува со појавата на системите за автоматска обработка на податоци.
Зборот „информатика“ за првпат се спомнува во Германија во 1957 година од страна на Карл Штајнбух. Информатиката ја има за основа математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки.
Чарлс Бебиџ во 19 век измислил машина која земала податоци, ги обработувала, и на некој начин обработените податоци ги покажувала. Во тоа време тоа бил механички систем, додека денес сметачите се електронски.
Еден од најголемите теоретичари на модерната информатика е англискиот математичар Алан Тјуринг. За време на Втората светска војна работел на „Енигма“, машина која германската војска ја користела за шифрирање и дешифрирање на пораки. Тјуринг развил постапка со која сите пораки можеле да се дешифрираат. Во текот на тие истражувања настанала познатата Тјурингова машина.

No comments:

Post a Comment